Редоследна структура
Денес, С++ спаѓа меѓу најкористените јазици за изработка на програми од разни видови, од кориснички апликации со најразлични намени, па сè до системски алатки. Еве како изгледа една програма на С++:
Програмите во С++ можат да се пишуваат со кој било уредувач на текстови.
Потоа, програмите се преведуваат и извршуваат во зависност од верзијата на преведувачот.
С++ преведувачи: Microsoft Visual C++, Borland C++, Gnu C++ и други.
Редоследна структура
почеток
чекор А;
чекор Б;
.......
чекор P;
kraj
текстуален приказ
// Prva C++ programa
#include < iostream >
using namespace std;
int main ()
{
cout << "Hello World! ";
cout << "I'm a C++ program!";
cout<< “Do you like me?”
system("Pause");
return 0;
}
Да го објасниме секој ред од програмата
ред 0 : коментар кој почнува со //
ред 1: вклучување на додатна iostream датотека
ред 2: namespace (простор со имиња) наречен std ( стандардна библиотека )
ред 3: дефинирање на функцијата main
ред 4: { почеток на телото на на функцијата
ред 5: исказ
cout наредба за печатење
<< оператор за печатење
“ Hello World “ текст кој се печати
; знак за крај на наредбата
ред 9: наредба кој враќа 0 на ф-јата main ( програмата завршува без грешки )
ред 10: } крај на телото на функцијата
Реализирај ги следнаве програми . Каков ќе биде излезот? Објасни!
a)
#include < iostream >
using namespace std;
int main()
{ int a=3 ;
cout << 25;
cout << “a”;
cout << a;
cout << 2*a ;
cout<<" Moze da se prikazat i niza znaci ";
system("pause");
return(0); }
b)
#include < iostream >
using namespace std;
int main()
{ int a=3;
cout << 25<< “a”;
cout << a <<endl;
cout << 2*a ;
cout<<" Moze da se prikazat i niza znaci ";
system("pause");
return(0); }
2. Напишете програма која го испишува вашето име надолу
#include <iostream>
using namespace std;
int main()
{
cout<<"M"<<endl;
cout<<" A"<<endl;
cout<<" J"<<endl;
cout<<" A"<<endl;
system("Pause");
return(0); }
//ovaа verzija koristi samo eden iskaz za pecatenje
#include < iostream >
using namespace std;
int main(){
cout<<”M”<<endl<< "A"<<endl<<"J”<<endl<< A”<<endl;
system("Pause");
return(0); }
3. Каде во следнава програма се направени грешки ?
#include
using namespace std;
int main(){
Cout<<"Kako ste?"<
cout<<" Potpolno zbuneti, posle ovaa lekcija!">>endl;
cout<<"Poleka, se ke bide dobro !";
system("Pause);
return(0) }
4. Каде во следнава програма се направени грешки ?
#include
using namespace std;
int main(){
Cout<<"Kako ste?"<
cout<<" Potpolno zbuneti, posle ovaa lekcija!">>endl;
cout<<"Poleka, se ke bide dobro !";
system("Pause);
return(0)
}
Прашања
Со кој знак завршуваат исказите во програмскиот јазик C++?
Со каков тип променлива треба да се декларира x, ако сакаме да му доделиме вредност „2‟?
Кои вредности ќе ги добијат променливите дефинирани со изразот x=y=z=0?
Што е дефинирано со следниот изказ? const int visina=100;
Определи со кој број е означен изразот кој е запишан неправилно.
1. a = 2 + (b = 5)
2. a = b = c = 5
3. a = 11 % 3
4. а*а=а*5
Со употребата на знакот % во израз на програмскиот јазик C++ ќе се изврши операцијата:
Определи која вредност ќе ја има променливата t по извршување на следниов дел од програма:
a = 5;
b = -5;
t = (a > b) && (a == b) && (a < b);
Што ќе се прикаже по извршување на следниов програмски сегмент?
int p, q;
p=0; q=1;
p = p + q;
cout<< p<<" " <<q;
Определи колкава е вредноста на целобројната променлива а по извршување на следната наредба:
a = 35 / 5 % 2 + 19 % 5;
Определи колкава ќе биде вредноста на променливата y по извршувањето на следнава наредба:
y= 5 + 6 * 6 / 4 % 8;
Ако променливите a, b и c имаат почетна вредност 10. Која од нив и понатаму ќе ја има истата вредност по извршување на следниот дел од програмата?
a = a + b; b = b + a - c; c = c – b + a;
Определи која вредност ќе ја има променливата x по извршување на следниов дел од програма:
x = 30;
y = -6;
x= x - y;
y= x - y;
2. Определи кој е резултатот од извршување на следниот програмски код.
int a=21; int c;
c = a; c += a;
cout << ” Vrednosta na c= ” <<c<< “ , “;
c = 200; c % = a;
cout <<” Vrednosta na c=”<<c<< endl;
Што ќе се прикаже на екранот со следниот програмски сегмент
a) int a = 4; б) int a = 4;
int b = 5; int b = 5;
cout<<(a+b)/2; cout<<(a+b)/2. ;