Pages

Wednesday, February 8, 2023

вежби во vectorian giotto

Практична вежба:

Во оваа вежба ќе сработиме ѕвезда што ротира. Најпрвин ја цртаме ѕвездата со бирање на алатката од левиот прозорец за цртање на ѕвезди. 
Потоа кликаме на алатката free transform, па кликаме врз ѕвездата со лев клик и ја ротираме ѕвездата кон десно или кон лево (ваш избор). 
Потоа кликаме на временската оска со десен клик -> Insert Keyframe на било кој фрејм по наш избор. Повторно ја ротираме ѕвездата со истата постапка. Потоа повторно кликаме на временската оска десен клик и бираме Insert Keyframe. Постапките се повторуваат се додека не ја изротираме ѕвездата за 360 C. Изгледот на анимацијата да биде како на сликата подолу. 

Практична вежба:

Следна вежба е исцртување на квадрат со алатката од левиот прозорец. Пожелно е да се исцрта на централниот дел од сцената. Потоа се клика на 30-та рамка со десен клик и се бира Insert Keyframe. Потоа се бира алатката Subselection Tool и се клика еднаш врз квадратот, па се избира точката кај горниот десен агол од квадратот и се повлекува кон средина се додека не се формира триаголник. Потоа повторно на 60-та рамка се клика со лев клик Insert Keyframe. Па повторно на 90-та рамка се клика Insert Keyframe. Потоа повторно се појавуваат точки со претходно избирање на алатката Subselection Tool, се клика на точката од страната на триаголникот се повлекува кон десно кон горен агол за да се добие повторно квадрат. На крај се клика Motion Tween помеѓу сите отсечоци помеѓу клучните рамки 30, 60 и 90. 

Практична вежба:

https://informatikavogeorgi.files.wordpress.com/2014/03/d0b2d0b5d0b6d0b1d0b0-11.jpg

Практична вежба:


https://informatikavogeorgi.files.wordpress.com/2014/03/d0b2d0b5d0b6d0b1d0b0-22.jpg







No comments:

Post a Comment