Pages

Wednesday, June 18, 2025

Дисеминација на проектот „Finish an unfinished story“

 

Дисеминација на проектот „Finish an unfinished story“

Во овој креативен и едукативен проект „Finish an unfinished story“, шест ученички групи од различни училишта и земји (Македонија, Турција и Романија) соработуваат на создавање заедничка еко-приказна составена од шест тематски поврзани поглавја.

Цели на проектот:
Проектот има за цел да ги подобри јазичните вештини на учениците, да ја поттикне нивната еколошка свест и креативност, како и да ја засили меѓусебната соработка преку користење на литературна форма за изразување и рефлексија на актуелни еколошки проблеми.

Главната цел е преку пишување заедничка приказна да се поттикне развојот на:

  • Комуникациски и јазични вештини, особено на англиски јазик

  • Креативно и критичко размислување

  • Колективна одговорност за животната средина

  • Вредности на одржлив развој и граѓанска свест

  • Соработка и меѓукултурен дијалог

Нашиот придонес:
Во проектот учествуваа 35 ученици од нашето училиште, кои работат на различни активности, особено на подготовката на поглавјата 2 и 3 од приказната. Активностите и учениците ги водат и координираат професорките Жаклина Милеска и Катерина Балева Симјаноска.

Краен производ:
По завршувањето на проектот, заедничката приказна ќе биде дизајнирана како книга, отпечатена и доставена во училишните библиотеки како пример на креативна, интердисциплинарна и интеркултурна соработка помеѓу учениците и наставниците од три земји.






No comments:

Post a Comment