E-Twinning проект ART&SOUL
E-Twinning проект ART&SOUL
Нашите ученици, како дел од проектот „Art and Soul“, учествуваа во заеднички онлајн eTwinning час со врсници од Италија, Латвија и Турција! 

Учениците кои учествуваа се: Јана Петреска, Елвир Селим, Горазд Велјаноски, Матеј Димоски, Ева Јованоска, Елена Митреска, Бојана Билкова и Елеонора Христоска. 
Проектот има за цел да ги открие и развие скриените уметнички и културни богатства на малите европски градови, да поттикне меѓукултурна соработка и комуникација на странски јазици, како и да развие креативност, критичко размислување и свесност за животната средина 

Учениците ги јакнат своите дигитални вештини, учат за активно европско граѓанство, одржливост и демократија, и ја подобруваат училиштната благосостојба преку инклузија, самодоверба и активно учество. Преку користење на странски јазици во реални ситуации, тие создаваат, комуницираат и соработуваат, додека го збогатуваат својот вокабулар поврзан со туризам, уметност и опишување 

Горди сме на ангажманот и ентузијазмот на сите учесници кои го направија овој час навистина посебно искуство.