СТИЛОВИ ВО WORD
Стил претставува множество на податоци за форматот на
знаците и параграфите сместени под одредено име. Значи, под едно име се наоѓа
форматот на текстот кој е во одреден фонт, големина, боја, стил, растојание
меѓу параграфите, растојание меѓу редовите во параграфите и вовлекувањата.
Секогаш кога ќе се примени одреден стил на текст во документ, тој текст ќе има
изглед одреден од стилот. Microsoft word има вградени стилови кој можеме да ги примениме на документ т.ш. го
означуваме параграфот (или повеќе параграфи) и избираме од дадените стилови.
Нивна цел е побрзо да го форматираме документот. Постојат:
paragraph styles- стил на параграф
character styles – стил на знаци
Стиловите за параграф ги
содржат сите формати: букви, растојание меѓу редовите, вовлекувања, табулатори,
исцртување на граници.
Стиловите за знаци се применуваат поединечно на знаци.
ПРИМЕНА НА СТИЛОВИ
Најкористен е стилот Normal. За изработка на структурирани
документи се користат стиловите Heading 1 do Heading 9. Постапката за примена на некој стил е иста со
постапката за форматирање на текст: се означува параграфот (или збор или
реченица) и се избира стилот од лентата за форматирање. Друг начин е преку мени:
Format – styles and formatting.
Во опаѓачката листа show можеме да избереме:
-
formatting in use – стилови кои се користени во документот
-
available styles – достапни стилови
-
available formatting – достапни формати
-
all styles – сите стилови
-
custom – корисникот
да ги постави стиловите
Ако избереме некој стил, тој се применува на параграфот во кој во моментот
е покажувачот.
УРЕДУВАЊЕ
НА СТИЛ
Стилот можеме да го уредиме т.ш. (Format
– styles and formatting) го носиме покажувачот на името на стилот, ( се
појавува опаѓачка стгрелка) и клик на наредбата modify.
Name: е името на стилот што се изменува.
Style based on: на кој стил ќе се темели стилот кој го менуваме
Style for Following Paragraph: избираме стил, втор стил во парот. Тој ќе се
применува по притискање на копчето enter.
Со клик на копчето format: може да се менува:
- font – промена на фонт, големина, ефекти, растојание меѓу
знаците, зборовите и положбата на буквите во однос на основната линија на редот
- paragraph – промена
на растојанието меѓу редовите, вовлекувањата, растојанието пред и после
параграфот,
- tabs – промена
на табулаторите, положбата и видот
- border – промена
на исцртувањето на граници околу параграфите и боење на позадината на
параграфите,
- language – промена на јазикот за стил
- frame – промена
и позожба на границата на параграфот
- numbering – промена
на начинот на нумерирање и набројување
Се изменува
стилот врз основа на друг стил, форматирање на знаците (фонт, големина, боја),
може да се постави рамка околу
параграфот што се форматира со одредениот стил, набројувањата и др.).
АВТОМАТСКА ПРИМЕНА НА СЛЕДНИОТ СТИЛ
Кога пишуваме еден параграф со одреден стил, обично следниот параграф е со
друг стил. Пр. Наслов, па текст. Ова форматирање може да се протега низ целиот
документ, па за да не форматираме постојано, може да поставиме на следното
притискање на копчето enter, кој
стил да се применува:
Format
– styles and formatting, modify.
Во делот name: е името на стилот што се применува. Тој е прв стил во парот. Кога го
пишуваме текстот, текстот ќе биде форматиран со овој стил. Но на следното
притискање на копчето enter, новиот
параграф ќе биде форматиран со стилот што ќе го избереме за следен. Се избира
во делот:
Style for Following Paragraph
КРЕИРАЊЕ
НА СОПСТВЕНИ СТИЛОВИ
Постапката за креирање на нов стил е следна:
Format – styles
and formatting и клик на копчето new style.
Се отвора дијалог – прозорец new style.
Во делот Name се пишува името на новиот стил,
-
style type – се избира типот на стилот:
дали е стил за параграфи знаци, табела или листа.
-
Style based on – се избира на кој стил се темели стилот кој го
креираме. Најдобро е новите стилови да не се темелат на ниеден стил, па
избираме no style.
-
Style for Following Paragraph – се избира стилот за следниот параграф по притистање на копчето enter.
-
Format - font – промена на фонт, големина, ефекти, растојание меѓу
знаците, зборовите и положбата на буквите во однос на основната линија на редот
- paragraph – промена
на растојанието меѓу редовите, вовлекувањата, растојанието пред и после
параграфот,
- tabs – промена
на табулаторите, положбата и видот
- border – промена
на исцртувањето на граници околу параграфите и боење на позадината на
параграфите,
- language – промена на јазикот за стил
- frame – промена
и позожба на границата на параграфот
- numbering – промена
на начинот на нумерирање и набројување
За новиот стил да се додаде на листата постоечки стилови, се означува
можноста Add to template.
No comments:
Post a Comment