сортирање на податоци во Excel
Сортирањето е една од најзгодните алатки кога работите во Microsoft Excel. Користејќи го, можете да ги поставите редовите на табелата по азбучен ред, според податоците во ќелиите на колоната.Сортирањето на податоци значи податоците да се подредат според некој критериум. На овој начин податоците во табелата стануваат попрегледни. Податоците можат да се сортираат по азбучен редослед од А до Ш или обратно за текстуални податоци, од најголем до најмал или обратно за нумерички податоци, од најстар до најнов или обратно за датуми, а може да се креира и прилагоден попис. Пред сортирањето важно е да се позиционира каде било во базата или да се означат сите податоци кои ќе се сортираат, но НИКАКО не смее да се означи само колона во која се наоѓаат податоци. На тој начин се сортира само таа колона и се губи врска со останатите податоци. На пр. кога во претходната табела податоците би ги сортирале според колоната „Презиме“ и би ја означиле само таа колона, би го добиле следниот резултат со ...