Pages

Sunday, February 27, 2022

Типови на променлива и доделување вредност на променлива

 Кога читаме некоја книга или запишуваме податоци во тетратка, не е потребно да го дефинираме типот на податок кој го читаме/запишуваме. На пример, кога ќе прочитаме "781", нас (луѓето) веднаш ни е јасно дека тука станува збор за цел позитивен број. Ако некаде прочитаме "програмирање", јасно ни е дека сме прочитале збор, а не цел или децимален број, буква, или нешто друго.

Кај компјутерот тоа не оди така. Како што веќе кажавме, единственото нешто што го разбира компјутерот е бинарниот броен систем (шеми од единици и нули).

Основните податочни типови во C++ се: bool (boolean – точно и погрешно), char (скратено од character - знак), int (integer - цел број), float (скратено од floating-point number – број со подвижна точка - децимален број) и double (double precision floating point number - децимален број со двојна прецизност).

Дефиницијата на некои од овие типови може да се измени/дообјасни. Тоа се прави со помош на зборовите: signed, unsigned, short и long.

Основни типови податоци

              целоброен                                int
 реален со обична точност         float
 реален со двојнаточност           double
 знаковен                                   char
 логички                                     bool

Доделување на вредност на променлива.

Оператор за доделување Во компјутерот за секоја променлива се предвидува и се резервира место во меморијата. Секое резервирано место има своја адреса која е тешка за памтење, па од тие причини на променливите им се доделуваат симболички имиња. При тоа, мора да се води сметка да се почитуваат правилата кои важат за сите идентификатори. Во математиката и во другите науки се среќаваш со многу променливи, на пр. a, b, c – страни на триаголник, Р – плоштина, t – температура итн. На сите овие променливи им се доделуват различни вредности. На пример, на температурата може да ѝ се додели вредност -15, али и 23, 17, 32 итн. На променливите им се доделува вредност со помош на оператор за доделување. Операторот за доделување е знакот еднакво (=).
Важно! Знакот еднакво (=) овде не означува еднаквост како во математиката. Со оператор за доделување на променливата од левата страна на операторот ѝ се доделува вредност на изразот од десната страна на операторот. Од тие причини променливата на која ѝ се доделува вредност мора да биде од левата страна на операторот за доделување. Неточно е на пр. 5 = а или а+b = с;
 Примери за доделување вредности на променливи се дадени во следнава табела:
 x = 5; на променливата x ѝ се доделува вредност 5. Ова всушност, значи дека во мемориската локација која е означена со симболичко име x ќе се зачува бројот 5 или дека бројот 5 е содржина на променливата x.
 a = 20; на променливата a ѝ се доделува вредност 20. 
a = b*3; помножи ги содржината на променливата b и бројот 3 и производот зачувај го во променливата a.
 x = x+3; на содржината на променливата x додај број 3 и збирот зачувај го во променливата x.
 x=c=b=5; на променливата b ѝ се доделува вредност 5, на променливата c ѝ се доделува содржината на променливата b, на променливата x ѝ се доделува содржината на променливата c. 

ДЕКЛАРИРАЊЕ НА ПРОМЕНЛИВИ
Секоја променлива која ќе се користи во програма мора да се најави, односно да се декларира. При тоа треба да се има предвид следниве карактеристики: - секоја променлива има свое име - секоја променлива има тип - секоја променлива содржи вредност која ѝ се доделува најчесто со операторот за доделување.
 Кога се декларира некоја променлива, прво се наведува ознака за тип, а потоа име на променливата: 
tip imenapromenliva [imenapromenliva];
По еден тип може да се наведат и повеќе променливи одвоени со запирка. Така со исказот int i, j; се најавува дека ќе се користат две целобројни променливи, нивните имиња се i и j, на нив може да им се додели вредност која ќе биде цел број. 
Примери на декларирање на променливи:
 int a; декларација на целобројна променлива a
 float broj; декларација на реална променлива broj 
char bukva; декларација на знаковна променлива bukva 
int b,c,d; декларација на 3 целобројни променливи b, c и d

Иницијализација на променливи
 Пред да се започне со користење со користење на некоја променлива, неопходно е таа да има некоја вредност. Доделување на почетната вредност на променливите се нарекува иницијализација на променливи. На променливите може да им се доделат вредност во истиот исказ со кој тие се декларираат. 
Така наместо: int a; a = 5; може да се напише int a = 5;
Константи 
Освен променливите, во C++ се користат и константи. Со константите во програмите се изразуваат одредени вредности. Како и променливите, и константите се разликуваат според типот на податок со кој нејзината вредност е изразена. Така има: - целобројни константи (15, 100, -50) - реални константи (2.34, 105.5, -12.2) - знаковни константи (‘a’, ‘M’, ‘+’, ‘$’) - логички константи (true/false, 1/0) - стринговни константи (“Dobar den”, “C++”). 
И константите можат да се декларираат на сличен начин како и променливите. Единствената разлика е во тоа што се користи клучниот збор const. 
На пр.: const float DDV = 0.18; 
const float BRZINA_NA_SVETLINATA = 2.997925e8;
 const char ZNAK=’$’;
ЗАДАЧИ:
1.Напиши програма за пресметување на плоштина на правоаголник со страните а=8.5 и b = 3.2! Излезот да се прикаже на екранот во следнава форма: Plostinata na pravoagolnikot so stranite a=8.5 i b=3.2 iznesuva 23.4.
2. Напиши програма со која ќе пресметаш плоштина и периметар на квадрат со страна a = 8.5
3. Ако во програма се користат променливите int kolicina=24 и float cena=12.5, со наредбата cout испиши ги: а. нивните имиња б. нивните вредности в. извештај воформа „kolicina = x, cena = y“,така што наместо x и у се испишуваат вредностите на променливите kolicina и сena.

No comments:

Post a Comment