Податоците во табелите може да се форматираат и тоа: може да се дефинира типот на податоците, можно е да се измени фонтот и порамнувањето на податоците во келиите (alignment), да се постават граници, боја на фонтот и ќелиите и др. Притоа може да се уредат повеќе ќелии истовремено, откако предходно ќе се селектираат.
Форматирањето на табелите односно на податоците во табелите се извршува со наредбите од табот Home во групите Font и Allignment
- Избор на фонт и големина на фонтот
2. Избор на боја на буквите во ќелијата
3. Избор на боја на ќелијата
4.Избор на рамки на ќелијата
5. Порамнување на податоците во ќелиите може да е хоризонтално порамнување и вертикално порамнување.
6. Wrap Text – овозможува прикажување на податоците во ќелијата во повеќе редови
Спојување и центрирање на долг текст во однос на повеќе келии се прави со наредбата Merge and Center. Селектираните келии се спојуваат во една и истовремено текстот се центрира во однос на неа.
Уредувањето на податоците во табелата може да се направи и преку прозорецот Format Cells. Дијалог прозорецот Format Cells ги содржи табовите Number, Alignment, Font, Border, Fill i Protection со кои може:
- да се избере и уреди типот на податоците (табот Number)
- да се уреди порамнувањето (табот Alignment)
- да се избере и уреди фонтот (табот Font)
- да се дефинираат рамките на ќелиите (табот Border)
- да се определи и уреди бојата на позадина на ќелиите (табот Fill)
- да се постави заштита на ќелиите (табот Protection)
No comments:
Post a Comment