Пред сортирањето важно е да се позиционира каде било во базата или да се означат
сите податоци кои ќе се сортираат, но НИКАКО не смее да се означи само колона во која
се наоѓаат податоци. На тој начин се сортира само таа колона и се губи врска со
останатите податоци. На пр. кога во претходната табела податоците би ги сортирале според
колоната „Презиме“ и би ја означиле само таа колона, би го добиле следниот резултат со што
податоците веќе не одговараат на вистинските податоци
Зависно од верзијата на програмата МЅ Excel, алатката за сортирање има еден од следните облика:
Наместо клик на алатката за сортирање, може со десен клик во табелата за сортирање да активирате соодветна команда за сортирање
Сортирање на податоци во MS Excel
За да се сортираат податоци, се позиционира каде било во базата и на картичката Data се
кликнува на копчето Sort по што ќе се отвори прозорецот Sort:
Во паѓачката листа Sort by се избира наслов на колона според која се врши
сортирање;
Во паѓачката листа Criteria се избира начин на сортирање: по растечки (A to Z за текстуални
или Smallest to Largest за нумерички податоци) или по опаѓачки (Z to A за текстуални или
Largest to Smallest за нумерички податоци) редослед;
Ако табела со податоци има наслови на колони тие не треба да бидат сортирани, па полето
My data has heаders треба да биде потврдено;
Нов критериум се додава со кликнување на копчето Add Level;
Се избира наслов на колона и се поставуваат критериуми исто како во првото ниво;
Критериум се брише со кликнување на копчето Delete Level;
Кога ќе се постават критериуми за сортирање се кликнува на копчето ОК.
No comments:
Post a Comment