Pages

Thursday, November 27, 2014

ОСНОВИ НА ОБРАБОТКАТА НА ТЕКСТ
Компјутерите најчесто се применуваат за обработка на текст. Програмите за обработка на текст овозможуваат пишување, уредување и печатење писма, статии, книги и други текстови. Карактеристика на овие програми е тоа што внесувањето текст е одделено од печатењето, така што секој текст пред да се отпечати може да се провери и да се отстранат грешките. Освен тоа, секој текст може дополнително да се измени и да му се определи изглед по желба.

РАБОТНА ОКОЛИНА Прозорецот на уредувачите на текст е составен од неколку стандардни делови: лента со наредби, лента со алатки, насловна лента, работен простор, статусна лента, лента со лизгачи, линијар (Слика ).
Насловна лента
Насловната лента е најгорната лента на која се прикажува името на прозорецот односно името на документот што е отворен. На оваа лента во десниот дел се наоѓаат три копчиња и тоа: копче за минимизирање, копче за затворање и копче за враќање.
Работен простор
Работен простор е делот каде што се прикажува документот за внесување и обработка на текстот.
Статусна лента
Во статусната лента се прикажуваат дополнителни информации за прозорецот и документот и моментална состојба на некои копчиња од тастатурата. На пример, на статусната лента можеме да видиме на која страна од документот се наоѓаме, од колку страни се состои на кој ред и во која колона се наоѓа курсорот, на кој јазик пишуваме итн. Лента со лизгачи
Ленти со лизгачи имаме на две места и тоа на долниот дел од прозорецот веднаш над статусната лента и на десниот дел од прозорецот. Лизгачите ни се потребни за побрзо движење низ документот и се користат кога документот е поголем, или кога не ја гледаме целата страна.
Линијар
Линијарот ни ја прикажува ширината на документот и маргините. Има два линијара и тоа: хоризонтален и вертикален. Хоризонталниот се наоѓа на врвот на работниот простор, а вертикалниот линијар се наоѓа во левиот дел од работниот простор. Тие се користат за ориентација во однос на димензиите на листот.
Лентa со менија - се задаваат со кликнување на нив со врвот на стрелката, преку комбинација на копчиња од тастатурата и преку лентите со алатки.
File - работа со документот (отварање нов, отварање постоечки документ,
меморирање, затварање, печатење, уредување на изгледот на страната и сл.)
Edit - работа со текстот преку селектирање, копирање, отсекување, поставување, бришење, пронаоѓање текст и сл.
Insert - внесување слики, дијаграми, броеви на страниците и сл.
Format - уредување на текстот
Table - работа со табеларен приказ на текст и сл.View - можност за активирање на различни погледи на текстуалниот документ
Лентите со алатки се наоѓаат веднаш под лентата со менија и претставуваат групи од копчиња што повикуваат наредби. Овие копчиња ги има во менијата што се наоѓаат на лентата со менија, но од практични причини најпотребните се групирани според нивните функции. За поедноставна работа се украсени со сликички, соодветно за препознавање на нивната функција .
Прикажување и/или отстранување на лентите со алатки се врши со View->Toolbars
Најчесто активни и најкорисни се : Standard, Formatting и Drawing.
Доколку некоја од алатките не е прикажана на лентата, кликни на копчето во облик на надолна стрелка, кое се наоѓа на десната страна од лентата. Избери Add or Remove Buttons.

РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ
• Normal – Поглед за внесување, уредување и форматирање на текстот – без маргини, број на страници и слично.
• Web Layot („Веб изглед“) – поглед на документот кога тој треба да се постави како веб страница на Интернет.
• Print Layout („Изглед за печатење“) – поглед кој овозможува да се види како ќе изгледа документот како испечатена страница. Ги прикажува маргините и бројот на страници.
• Outline – поглед кој се користи за преглед на структурата и деловите (наслови, поднаслови и слично) на долги документи.
• Reading Layout – Поглед на документ за читање на документот на екран.