РАБОТА СО СОДРЖИНА ВО WORD
Стиловите се користат за креирање на содржина на документ во word. Содржина е збир од главните теми и подтеми во некој документ. Пример, при изработка на матурска тема или некоја проектна задача, на почетокот или на крајот на документот треба да се напиши содржината. Тоа се прави на следниов начин:
Прво треба добро да се испланира концепцијата на документот. Значи, документот треба да се подели на главни теми, подтеми, ставки и сл. (наслов1, наслов2, наслов3...). Треба и да се знае дали содржината ќе биде на почетокот или на крајот на документот. Секој наслов се внесува во нов ред. За премин на нов ред, се притиска копчето ентер. Пред да се почне со внесување на текстот, потребно е страниците да се нумерираат. Но на првата страница не треба да стои бројот на страницата. Нумерирање на страниците се врши со:
Insert – page numbers
Опцијата Show number on first page е исклучена, бидејќи на првата страница од темата не треба да е прикажан бројот на страницата. Со клик на копчето format може да се форматира ознаката за број на страница.
Следен чекор е да се напише насловот на првата тема пр. Вовед и се притиска копчето enter за да се премине на нов ред. Потоа се пишува поднасловот и пак ентер. Следува подподнасловот и т.н. додека се напишат насловите и поднасловите поврзани со првата тема. Истото се повторува за сите теми. Мора да се памти кои се наслови, поднаслови и сл. т.е. ставки на пониски нивоа.
Кога ќе се внесат сите наслови и поднаслови, треба да се одреди стилот за секој од нив. Се означуваат основните теми и од опаѓачката листа со стилови на лентата formatting се избира Heading 1.
Се означуваат поднасловите и од опаѓачката листа со стилови на лентата formatting се избира Heading 2.
Се означуваат подподнасловите и од опаѓачката листа со стилови на лентата formatting се избира Heading 3. и.т.н. колку што имаме нивоа.
Сега треба да се одредат другите параметри за изгледот на содржината. Се означува првиот наслов и се избира: format – styles and formatting.
Десно се отвора листата styles and formatting.
Веднаш може да се види дека сме позиционирани на стилот Heading 1. Стилот се наоѓа во два оквири: долу и горе. Бидејќи во тексто има повеќе наслови, под горниот оквир се кликнува на Select all. Со ова се означуваат сите наслови во документот. Кога ќе се донеси покажувачот на долниот оквир, на името на стилот се појавува опаѓачка стрелка. Се кликнува на стрелката и се избира командата modify. Се отвора дијалог прозорец modify style.
Во прозорецот што се отвора се форматитаа насловите на темите по желба. Овие форматирања ќе важат за сите наслови во документот. Важна команда овде е копчето format каде посебно не интересираат командите font, paragraph i numbering.
Командата font е јасна. Во paragraph може да се поставуваат параметри за позиционирање на насловите во однос на текстот.
Овде е важна командата numbering.
Во прозорецот
Outline numbered се избира хиерархиски начин на нумерирање на стиловите на насловите и поднасловите. Потоа Ок. Истото се повторува и за поднасловите и подподнасловите во содржината на документот.