Наставни материјали по предметот информатика за прва и втора година, средно стручно образование
Monday, December 18, 2023
Мултимедија
Мултимедија е начин на прикажување на одредена содржина со истовремено користење на текстови, звуци, видео клипови и музика. Содржините прикажани мултимедијално најдобро и најинтересно може да бидат пренесени и разбрани од луѓето за кои се наменети. Мултимедијалните компјутерски програми имаат содржина која е комбинација од текстови, слики, фотографии, звуци, анимации, видео клипови и врски. Второспоменатите овозоможуваат со едноставно кликање на нив корисникот да се "шета" низ содржините на мултимедијалната програма. Мултимедијални програми се на пример: образовниот софтвер, компјуерски игри, мрежните места, компјутерските симулации, енциклопедиите, програмите за презентација