Pages

Monday, March 7, 2022

Логички и споредбен израз


Споредбени изрази се изразите во кои се споредуваат само две вредности.Споредувањето се врши само помеѓу вредности од ист тип.

оператор

Математички симбол

Опис

<

<

помало

<=

помало или еднакво

>

>

поголемо

>=

поголемо или еднакво

==

=

еднакво

!=

не е еднакво


    

                                      Израз

Вредност

                                        7>=5

1(точно)

                                      3+8<=3

0(неточно)

                                        5==4-1

0(неточно)

                                           3!=0

1(точно)









Постојат 3 логички оператори во C++: операторот за негација '!', операторот за логичко И (AND) '&&' и операторот за логичко ИЛИ (OR) '||'. Операторот за негација служи за негирање на bool вредност: доколку x=true, тогаш !x ќе врати false и обратно, доколку x=false тогаш !x ќе врати true. Операторот '&&' (логичко И) враќа true ако и само ако двата операнди (a и b) над кои се извршува операцијата (a&&b) имаат вредност true, во спротивно резултатот е false. Операторот '||' (логичко ИЛИ) враќа true ако кој било од двата операнди (a и b) над кои се извршува операцијата (a||b) има вредност true. Логичките оператори И и ИЛИ ('&&' и '||') се слични како операторите '&' и '|', но се извршуваат врз bool вредности (не врз сите битови од една целобројна променлива).

операцијаизразрезултат
негацијаточно (true) ако a е false, инаку неточно (false)
логичко И (AND)a && bточно (true) ако а==true и b==true, инаку неточно (false)
логичко ИЛИ (OR)a || bточно (true) ако а==true или b==true, инаку неточно (false)
примери за логички изрази

Логички израз

Вредност

(1&&0)||0

0

!((3==3)||>7)

0

!(5>3)||2==5)&&2>5)

1



изкази (техники) за внесување и објаснување на податоци во програма

 Читање на податоци од стандарден влез (тастатура) се прави со помош на операторот за извлекување (>>). Програмата ќе ги прочита податоците и ќе ги смести во променливата која сте ја навеле во наредбата за читање.

Со една иста наредба може да прочитаме вредности за повеќе променливи – слично како кај печатењето. Во примерот даден погоре, вредностите на променливите c и d се читаат со употреба на една наредба. Доколку ја извршите оваа програма дома, запаметете да притиснете ENTER (RETURN) по внесување на податоците - без тоа системот нема да знае кога сте завршиле со внесување на соодветниот ред од податоци. Податоците може да ги одделувате со празно место, со tab или со знак за нов ред. Податоците не мора да се внесат во еден ист ред, дури и кога користите една cin наредба за внесување на повеќе податоци.

Мора да се внимава на типот на податок кој и го предаваме на програмата: ако сме дефинирале (со cin наредба) дека корисникот, во тој дел од програмата, ќе внесе податок кој е цел број, тогаш тој мора да внесе податок кој е цел број - во спротивно, програмата нема да се изврши успешно. Ова нема да има никаков ефект на останатите ваши програми или оперативниот систем, па не плашете се - голем број од програмите кои што ќе ги типкате ќе завршуваат неуспешно.

. Пред секој cin исказ треба да се напише и cout исказ со кој на корисникот ќе му се прикаже порака каков податок од него се очекува. 

Значи наместо cin>>a; 

 се пишува cout<<”Vnesi cel broj: ”<<endl;

                 cin>>a;

 ЗАДАЧА: Напиши програма со која ќе се пресметаат плоштината и периметарот на правоаголник! Овозможи корисникот да внесе вредности на страните на правоаголникот. Пример 1: Vnesi gi stranite na pravoagolnikot: 5 3 Plostinata na pravoagolnikot e 15, a negoviot perimetar e 16.