Работна околина на програмата GIMP
GIMP комбинира бесплатна дистрибуција и пристоен пакет карактеристики
-Различни алатки за обработка на постојните дигитални слики, вклучително и интелигентни решенија како што се корекција на перспективата, ретуширање, четка за „лекување“, разни тематски филтри итн.-Способност за обработка на неколку цртежи одеднаш според даден образец.
-Мулти-формат. Програмата дозволува работа со екстензии JPEG, PNG, GIF, TIFF.
-Прилагодување на интерфејсот за одредена личност и неговите задачи.
-Способност да се автоматизира одреден редослед на дејства за голем број слики.
-Користење на комплексна структура која се состои од слоеви, од кои секоја се уредува независно од другите.
Креирање на нова слика:
Oтворање на веќе постоечка слика:
Краток опис на алатките од кутијата со алатки:
Rectangle select tool – селекција на правоаголна област
Ellipse select tool – селекција на област во форма на елипсаFree-hand select tool – селекција на произволна област
Fuzzy select tool – селекција на површина врз основа на боја
Select by color tool – селекција на области со слични бои
Scissors select tool – селекција на област со користење паметно поклопување на рабови
Foreground select tool – селекција на област која садржи објекти што се во преден план односно објекти кои не се во позадина
Path tools – црта и менува патеки (линии)
Color picker tool – алатка за избор на боја врз основа на некој селектиран пиксела
Zoom tool – алатка за зумирање т.е. зголемување или намалување на приказот на сликата
Measure tool – алатка за мерење на одалеченост и агли
Move tool – алатка за поместување слоеви (леери), од селектирана област и други објекти
Alignment tool – ги порамнува или уредува слоевите и другите објекти
Crop tool – алатка за отсекување делови од аликата
Rotate tool – алатка за ротирање слоеви од селектирана област
Scale tool – алатка за менување димензии на леерот или селектираната област
Perspective tool – алатка за менување перспектива на леерот или селектираната област
Flip tool – алатка за хоризонтално или вертикално ротирање на селектираната област или леер
Cage transform – алатка за хоризонтално или вертикално за деформирање на сликата
Text tool – алатка за додавање и уредување леери со текст
Bucket fill tool – алатка за исполнување на селектирана област со боја или шара
Blend tool – алатка за исполнување на селектирана област со градиенти
Pencil tool – алатка за цртање
Paintbrush tool – четка за цртање
Eraser tool – гума за бришење
Airbrush tool – спреј за цртање
Ink tool – алатка за пишување во ракопис
Clone tool – алатка за селективно копирање од слика со користење на четка
Healing tool – алатка за корегирање на сликата
Perspective clone tool – алатка за „клонирање“, откако на сликата е направена промена на перспективата
Blur/sharpen tool – алатка за селективно заматување или изоштрување на сликата
Smudge tool – алатка за селективно замастување на делови на сликата
Dodge/burn tool – алатка за селективно осветлување/затемнување на сликата