Алгоритми
Алгоритми Алгоритам е постапка за решавање на одредена задача составена од строго дефинирани дејства (операции) и точно зададен редослед на нивно извршување, кои применети врз влезните податоци доведуваат до излезни резултати. Што ја дефинира секоја постапка ? - зададени влезни (почетни) податоци - дефинирана низа операции - пресметани излезни резултати Секое поединечно дејство од множеството правила (инструкции) дефинирани во алгоритмот се нарекува алгоритамски чекор. Врз основа на ова можеме да кажеме дека алгоритмот се состои од низа алгоритамски чекори кои се извршуваат по однапред зададен редослед. Во зависност од алгоритамските чекори алгоритмот може да биде - општ - детален Пример1 Да се состави алгоритам за пресметување на плоштина на правоаголник со страни a и b. Чекор 1. задавање на вредностите на променливите а и b Чекор 2. пресметување на вредноста на P по формулата P=a∙b Чекор 3. прикажување на вредноста на променливата P Чекор ...