Дисеминација на проектот „Finish an unfinished story“
Во овој креативен и едукативен проект „Finish an unfinished story“, шест ученички групи од различни училишта и земји (Македонија, Турција и Романија) соработуваат на создавање заедничка еко-приказна составена од шест тематски поврзани поглавја.
Цели на проектот:
Проектот има за цел да ги подобри јазичните вештини на учениците, да ја поттикне нивната еколошка свест и креативност, како и да ја засили меѓусебната соработка преку користење на литературна форма за изразување и рефлексија на актуелни еколошки проблеми.
Главната цел е преку пишување заедничка приказна да се поттикне развојот на:
-
Комуникациски и јазични вештини, особено на англиски јазик
-
Креативно и критичко размислување
-
Колективна одговорност за животната средина
-
Вредности на одржлив развој и граѓанска свест
-
Соработка и меѓукултурен дијалог
Нашиот придонес:
Во проектот учествуваа 35 ученици од нашето училиште, кои работат на различни активности, особено на подготовката на поглавјата 2 и 3 од приказната. Активностите и учениците ги водат и координираат професорките Жаклина Милеска и Катерина Балева Симјаноска.
Краен производ:
По завршувањето на проектот, заедничката приказна ќе биде дизајнирана како книга, отпечатена и доставена во училишните библиотеки како пример на креативна, интердисциплинарна и интеркултурна соработка помеѓу учениците и наставниците од три земји.