Наставни материјали по предметот информатика за прва и втора година, средно стручно образование
Wednesday, February 28, 2024
Monday, February 26, 2024
практична вежба
Практична вежба 1
Ја отвараме програмата Vectorian Giotto и започнуваме со промена на името на нивото, наместо Layer 1 пишуваме Boi. Потоа ја селектираме првата рамка под бројот 1.
Најпрвин користиме гранични линии за квадратите да ни бидат рамномерно распоредени.
Тоа се прави со повлекување на линија од лејнирот (кликаме на лејнирот) држиме цело време да биде кликнато па повлекуваме надолу кон сцената и потоа го пуштаме прстот од маусот (drag and drop) акција. Спуштаме две линии, едната горна а другата долна гранична линија.
Ја бираме алатката за цртање квадрат со заоблени агли од левиот прозорец со алатки за цртање.
За да бидат сите со исти димензии најпрвин го исцртуваме првиот квадрат а потоа со copy-paste ги цртаме останатите квадрати. Ќе исцртаме 8 бои, првите 4 во горните гранични линии а другите 4 во долните гранични линии што значи дека повторно треба да се исцртаат уште две други гранични линии горна и долна.
При copy-paste акцијата ако настани здоближување на објектите може да се направи со кликање на копчето Merge Objects Mode во долниот дел од левиот прозорец. Откако ќе ги исцртаме квадратите почнуваме да ги боиме со бои. Првиот квадрат го боиме со бела боја со бирање на алатката кантичка со бои од левиот прозорец. Потоа се селектира вториот квадрат и бираме жолта боја во делот brush кај левиот прозорец. Потоа третиот квадрат го боиме со кафеава боја. Четвртиот квадрат го боиме со сива боја. Петтиот квадрат го боиме со црвена боја. Секој објект што го боиме мора претходно да биде селектиран. Шестиот квадрат го боиме со зелена боја. Седмиот квадрат го боиме со плава боја и последниот квадрат го боиме со црна боја. За побрзо бирање на црна и бела боја го кликаме копчето Black and White под Brush во левиот прозорец.
Понатаму што треба да направиме е во секое квадратче да испишеме збор со цел за да ги научат учениците боите на англиски јазик. Најпрвин го селектираме копчето за пишување текст T во левиот прозорец. Потоа кликаме во првото квадратче за да напишеме текст white кој ја означува бојата на квадратчето. Го зголемуваме текстот со селектирање врз текстот потоа кликаме во горното мени на Window ---> Object Properties. Во долниот дел под анимацијата ни се појавија копчиња за манипулирање со текстот и во делот за промена на големината избираме големина 16. И така за секое квадратче испишуваме тексто со збор што ја означува бојата на квадратот. Тоа се yellow, brown, grey, red, green, blue и back.
Потоа следно што треба да направиме е да внесеме звуци за секоја боја. Тоа ќе го направиме во нов слој. Значи креираме нов слој со кликање на зеленото копче кај временската оска. Слојот ќе го насловиме zvuk. Звуците претходно ги симнувме од Интернет. Кликнете на линкот https://pixabay.com/sound-effects/search/color/
Потоа се внесуваат со командата од горното мени Insert--->Sound и го бираме звукот најпрвин за бела боја (а рамката на временската оска да биде селектирана на 1). Откако ќе избереме одиме на временската оска и кликаме на 15 рамка за да трае звукот 15 рамки. Со кликање на десен клик на 15 рамка избираме Insert Keyframe. Сето ова додека го правиме треба цело време да ни биде селектиран слојот zvuk. За да ни бидат постојано видливи објектите на сцената додека ја правиме оваа постапка околу звуците кликаме на 120-та рамка со лев клик избираме Insert Keyframe.
Потоа на 15 рамка додека е селектирано внесуваме звук за жолта боја со истата постапка како за бела боја. Откако ќе го вметнеме звукот за жолта боја повторно бираме траењето на звукот да биде 15 рамки со десен клик врз 30-та рамка и бираме Insert Keyframe. Потоа остануваме на 30-та рамка и внесуваме звук за кафена боја Insert--->Sound. За да трае звукот кликаме со десен клик врз 45 рамка и го избираме Insert Keyframe. Потоа импортираме звук за сивата боја со истата постапка како за претходните бои. Избираме да трае 15 рамки па селектираме со десен клик врз 60-та рамка и избираме Insert Keyframe. Потоа на 60-та рамка внесуваме звук за црвена боја кој ќе трае 15 рамки до 75-та рамка и кликаме врз неа со десен клик Insert Keyframe. Па на 75-та рамка внесуваме звук за зелена боја кој ќе трае до 90та рамка и кликаме со десен клик Insert Keyframe. На 90-та рамка внесуваме плава боја со Insert--->Sound. Кликаме до 105-та рамка да биде траењето на звукот и кликаме со десен клик врз неа и бираме Insert Keyframe. Потоа на 105-та рамка внесуваме звук за црна боја со Insert--->Sound. Траењето на звукот е 15 рамки до 120-та рамка. На 120-та рамка кликаме десен клик и бираме Insert Keyframe.
Како што креиравме клучни рамки за звуците така треба да ги креираме истите клучни рамки и за боите. Најпрвин кликаме на слојот boi и потоа со десен клик Insert Keyframe врз истите бројки на рамки како за звуците.
Сега ќе направиме секој текст со боја да се зголемува кога се емитува нејзиниот звук.
Најпрвин кликаме на слојот boi па на 6-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект.
Истата постапка ја правиме за останатите објекти. За вториот објект на 20-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект. За третиот објект на 35-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект. За четвртиот објект на 50-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект.
За петтиот објект на 65-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект.
За шестиот објект на 80-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект.
За седмиот објект на 95-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект.
За осмиот (последниот) црниот објект на 110-та рамка внесуваме Insert Keyframe и во таа клучна рамка вршиме дејство со алатката Selection Tool го селектираме и текстот и квадратчето со држење на копчето Shift од тастатура и потоа бираме Free Transform и се зголемува целиот објект.
Можеме да приметеме откако ќе ја пуштиме анимацијата дека не се слуша звукот. За да можеме да го слушаме звукот треба да кликнеме во менито File --->Export Flash Movie. Се појавува ноз прозорец каде оставаме да биде во .swf формат. Ставаме наслов на анимацијата boi_angliski и кликаме на копчето Save. Се појавува прозорец со checkbox дали да се компресира ние ќе го оставиме штиклирано. Потоа ја бараме кај ни е зачувана датотеката.
Откако ќе ја најдеме за да ја слушнеме со звук, кликаме врз датотеката со десен клик, open with селектираме и бираме пребарувач Internet Explorer.
Откако ќе ја видеме анимацијата си ја зачувуваме и на класичен начин преку File-->Save as-->во vgd формат .vgd формат. Ставаме наслов ucenje_boi_angliski.vgd
И за крај изгледот на анимацијата за да имате претстава треба да изгледа како на сликата.
Subscribe to:
Posts (Atom)