Наставни материјали по предметот информатика за прва и втора година, средно стручно образование
Thursday, November 24, 2022
Tuesday, November 22, 2022
Програма за уредување на текст -Word
ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ
Компјутерите најчесто се применуваат за обработка на текст. Програмите за обработка на текст овозможуваат пишување, уредување и печатење писма, статии, книги и други текстови. Карактеристика на овие програми е тоа што внесувањето текст е одделено од печатењето, така што секој текст пред да се отпечати може да се провери и да се отстранат грешките. Освен тоа, секој текст може дополнително да се измени и да му се определи изглед по желба.
РАБОТНА ОКОЛИНА Прозорецот на уредувачите на текст е составен од неколку стандардни делови: лента со наредби, лента со алатки, насловна лента, работен простор, статусна лента, лента со лизгачи(Слика ).
Насловната лента е најгорната лента на која се прикажува името на прозорецот односно името на документот што е отворен. На оваа лента во десниот дел се наоѓаат три копчиња и тоа: копче за минимизирање, копче за затворање и копче за враќање.
Работен простор
Работен простор е делот каде што се прикажува документот за внесување и обработка на текстот.
Статусна лента
Во статусната лента се прикажуваат дополнителни информации за прозорецот и документот и моментална состојба на некои копчиња од тастатурата. На пример, на статусната лента можеме да видиме на која страна од документот се наоѓаме, од колку страни се состои на кој ред и во која колона се наоѓа курсорот, на кој јазик пишуваме итн. Лента со лизгачи
Ленти со лизгачи имаме на две места и тоа на долниот дел од прозорецот веднаш над статусната лента и на десниот дел од прозорецот. Лизгачите ни се потребни за побрзо движење низ документот и се користат кога документот е поголем, или кога не ја гледаме целата страна.
Линијар
Линијарот ни ја прикажува ширината на документот и маргините. Има два линијара и тоа: хоризонтален и вертикален. Хоризонталниот се наоѓа на врвот на работниот простор, а вертикалниот линијар се наоѓа во левиот дел од работниот простор. Тие се користат за ориентација во однос на димензиите на листот.
Лентa со менија - се задаваат со кликнување на нив со врвот на стрелката, преку комбинација на копчиња од тастатурата и преку лентите со алатки.
Лентa со менија - се задаваат со кликнување на нив со врвот на стрелката, преку комбинација на копчиња од тастатурата и преку лентите со алатки.
File - работа со документот (отварање нов, отварање постоечки документ,
меморирање, затварање, печатење, уредување на изгледот на страната и сл.)
Home - работа со текстот преку селектирање, копирање, отсекување, поставување, бришење, пронаоѓање текст и сл.
Insert - внесување слики, дијаграми, броеви на страниците и сл.
Лентите со алатки се наоѓаат веднаш под лентата со менија и претставуваат групи од копчиња што повикуваат наредби. Овие копчиња ги има во менијата што се наоѓаат на лентата со менија, но од практични причини најпотребните се групирани според нивните функции. За поедноставна работа се украсени со сликички, соодветно за препознавање на нивната функција .

РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ
• Normal – Поглед за внесување, уредување и форматирање на текстот – без маргини, број на страници и слично.
• Web Layot („Веб изглед“) – поглед на документот кога тој треба да се постави како веб страница на Интернет.
• Print Layout („Изглед за печатење“) – поглед кој овозможува да се види како ќе изгледа документот како испечатена страница. Ги прикажува маргините и бројот на страници.
• Outline – поглед кој се користи за преглед на структурата и деловите (наслови, поднаслови и слично) на долги документи.
• Reading Layout – Поглед на документ за читање на документот на екран.

Форматирање
Избор на фонт, големина на букви, стил, боја, подвлекување, ефекти, вметнување горни и долни индекси
Format --> Paragraph ( проред меѓу редовите, растојание пред и после параграфот, вовлекување , порамнување )
Проредот (растојанието меѓу редовите) може да биде единечен (Single), еден и пол (1.5 Lines), двоен (Double), најмал најпогоден (At Least), со дотерување (Exactly) и повеќекратен (Multiple).
Набројување и нумерирање :

Нумерирање најчесто се користи кога ни е битен редоследот при набројувањето, за разлика од знаковното набројување, каде не ни е важен редоследот по кој ќе бидат наброени податоците во листата.
Monday, November 21, 2022
Шаблони и формулари
Шаблон е посебен вид документ кој има однапред дефинирани уредувања, распореди и дизајн според кои ќе се креираат некои идни документи со иста структура.
Формулари се вид шаблони кои содржат фиксен текст кој не се менува и полиња кои корисникт треба да ги пополни. Полиња во формулар се подрачја во кои корисниците сами внесуваат текст или одговор на некое поставено прашање. Полето може да биде текстуално, паѓачка листа , поле за означување и слично.
За ДОМА :
Креирај сопствен шаблон: (инструкции)
Отвори нов документ.
Постави хедер и футер на документот, уредувања по сопствена желба - форматирај ги знаците и параграфите, рамка на текстот, вметни слика или клипарт, вметни уметнички текст, сенки, постави позадина на документот.
Зачувај го документот. Во делот file name се внесува име на шаблонот. Во делот save as type: се бара document template и тој има наставка .dotx.
Следниот пат кога ќе се отвора нов документ во My Templates ќе се отвори дијалог прозорец од кој може да се избере креираниот шаблон.
Креирање шаблон
Користење претходно креиран шаблон
Кога се креира некој документ, може да се креира на нов празен документ или на некој шаблон од дефинираните во word. Тоа е документ или примерок што може да се уредува.
- Користење на готов шаблон: File - new Може да се пристапи на шаблони кои се наоѓаат на локациите:
- Available Templates
- office.com Templates
Креирање сопствен шаблон
Отвараш нов документ File à New
Се изработува шаблонот и се зачувува како тип (save as type -- ) word template. Како шаблон се зачувува во прозорецот Templates.
Кога имаме потреба од овој тип шаблон, го отвараме , вршиме промени и зачувуваме со Save as и тип документ word document.
Subscribe to:
Posts (Atom)