Pages

Saturday, March 21, 2020

Програма за табелирање - Excel


Програма за табелирање - Excel

Програми за табеларано пресметување овозможуваат подредување на податоци во табела, пресметки со податоците, претставување на податоците и пресметките со графикон и сл
Основни поими
- работна книга
- работен лист
- ќелија
Документот којшто се креира со Excel се нарекува работна книга (Workbook) и се состои од работни листови ( по default три Worksheet) што претставуваат табели, Табелите содржат колони и редови кои во своите пресеци формираат ќелии ( клетки Cells)

РАБОТНА ОКОЛИНА
Работната околина е скоро иста како и кај Word и ги содржи истите елементи.
- лента со наслов на апликацијата и работниот документ
- главно мени со подменија (File, Edit, View, Insert, Format, Tools, Data, Window и Help)
- ленти со алатки
ленти за хоризонтално и вертикално поместување на документот
- копчиња за минимизирање, за ресторирање и за затворање на прозорецот
лента со формули – кога имаме селектирано некоја ќелија, се појавува нејзината содржина, а доколку во таа ќелија има некаква формула, таа се прикажува во оваа лента .
- поле за адреса (статусна лента на активната ќелија )
- работни листови Sheet
- колони : означени со A,B,C,....- вкупно 256
- редици : означени со 1,2,3 ... - вкупно 65535
- ќелија : пример A2(се наоѓа во колона А и редица 2), BB10000, C2
Селектирана клетка – Постои една активна ќелија означена со задебелени ивици. Ова можеме да го споредиме со курсорот во Word.

Група на соседни клетки од табелата се вика ранг на келии.
Рангот на келии има своја адреса која се формира од адресата на првата келија и адресата на последната келија во рангот одделени со две точки. На пример, B2:D5.
Типови податоци :
- текстуални: комбинација од букви, бројки, некои специјални знаци вклучително и празното место; порамнети се лево во однос на ќелијата
- нумерички ( броеви) ; порамнети се десно во однос на ќелијата

Уредување на податоците

Корекција на внесени податоци:
- со двоен клик во ќелијата во која вршиме корекција
- со функциски тастер F2
- преку лентата со формули

Селектирање на ќелии

  •  Една ќелија се селектира со клик врз нејзе
  • Една колона се селектира со клик на полето со наслов на колоната (букви)
  •  Соседни колони се селектираат со клик на полето со наслов на првата колона и влечење до полето со наслов на последната колона
  •  Еден ред се селектира со клик на полето со наслов на редот (број)
  •  Соседни редови се селектираат со клик на полето со наслов на првиот ред и влечење до полето со наслов на последниот ред.
  • За да се селектираат несоседни ќелии, редови, и колони или било каква комбинација од нив, прво се притиска копчето Ctrl, а потоа се изведуваат претходно опишаните методи за селектирање одделни сегменти.
  •  Цел работен лист се селектира со клик на коцката која е над полето со наслов на првиот ред, т.е. лево од полето со наслов на колоната А.
Копирање / преместување на податоци :
- Се селектира областа што ќе се копира
- Edit --> Copy / Cut


 се позиционираме на локација за вметнување
- Edit --> Paste

Бришење податоци
-бришење на податоци : Edit --> Delete
- бришење на форматот :Edit--> Clear -->Format
- бришење на содржината : Edit--> Clear -->Contents
- бришење на форматот, содржината, забелешките Edit--> Clear -->All

Операции со ќелии, редови, колони и работни листови

Вештини што треба да ги усовршиш !!
♦♦ да вметнеш ќелија, колона и ред ♦♦ да избришеш ќелија, колона и ред .
♦♦ да промениш димензии на колона, ред.
Вметнување на ќелии, редови и колони
Наредбата Insert -> Cells. Се појавува дијалог прозорецот Insert

Shift Cells Right (помести ги ќелиите во десно)
Shift Cells Down (помести ги ќелиите надолу)
Entire row - вметни цела редица
Entire Column - вметни цела колона

Вметнувањето на цели редови и колони се прави и со наредбите
Insert -> Rows (за да се вметнат редови) или
Insert -> Columns (за да се вметнат колони)


Бришење на ќелии, редови и колони

Наредбата Edit -> Delete
Промена на димензиите на колони и редови

Промена на ширината или висината на редовите со глувче:

1. Покажувачот на глувчето се доведува над границите на насловите на редовите (пр. 1 и 2) или колоните ( пр.A и B) и тој се трансформира во цртичка со две стрелки. Се употребува десната граница од насловот на колоната за да се приспособи ширината на колоните односно долната граница од насловот на редот за да се приспособи висината на редот.
3. Се повлекува граница на потребната големина
4. Се отпушта копчето со глувчето
Прецизно одредување на ширините на колоните и висините на редовите е овозможено преку дијалог прозорци.

Промена на ширината или висината на редовите со наредби:

1. Format -> Column -> Width , се внесува ширината на колоната
2. Format -> Row -> Height , се внесува висината на редицата
Форматирање на ќелии
Уредувањето на форматот, големината (висина и ширина) на ќелијата се врши со помош на менито Format и наредбите што се наоѓаат во менито.
При форматирање на ќелии имаме повеќе параметри за уредување:

Број – тип на податокот, најчесто е број, со нив се изразуваат различни величини (големини) со цели и децимални броеви, парични вредности, време, датум, проценти, дропки, текст. Од таму можеме да избереме каков тип на вредност ќе ни биде прикажан
- Со Number се прикажуваат позитивни и негативни броеви, броеви со децимална запирка, бројот на децимални места се задава во делот decimal places.
- Со Curency се уредуваат и формулираат паричните износи.
- Date се користи за форматирање на датумот (dd.mm.yyyy),
- Time за форматирање на времето (hh:mm:ss).
- Кога работиме со проценти, одбираме Percentage.
- Text се користи кога содржината на ќелијата е текстуален податок.
- Custom го задаваме кога користиме различни формати.
Alignment – тука се подредува порамнувањето на податоците
Фонт – се дотерува типот, големината и бојата на фонтот
Borders – во овој дел се уредува видот и бојата на граничните линии на ќелиите. Сите линии можат да бидат различни. Постојат копчиња за избор на лев, десен, долен, горен раб и за централни (inside) и надворешни (outline) рабови.
Patterns – во овој дел се врши боење или засенчување на полињата со цел да се потенцира одредено поле или група на полиња.
Protection– во овој дел се врши заклучување (locked) на одредени ќелии, редови или колони за да се заштитат податоците во нив од измени или да се скрие (hidden) одредена ќелија .

Работен лист
1. Во нов работен лист мораш да почнеш со пишување во ќелијата A1:
a. точно
b. неточно
2. Со притискање на тастерот Enter, ќе се поместиш:
a. една ќелија десно
b. една ќелија лево
v. една ќелија подолу
3. Што од следново ќе се препознае како датум :
a. 02-06-2008
b. 02,06,2008
4. Што значи и кога ќе се појават ознаките ######:
a. си внесол погрешен број
b. нешто си испуштил
v. ќелиите не се доволно широки
5. Нова колона се вметнува десно од колоната во која се наогате:
a. точно
b. неточно
6. Со која наредба ќе ја уредиш содржината на ќелиите :
a. Insert → Cells
b. View → Cells
v. Format → Cells
7. Која од опцииве во прозорецот Format Cells треба да ја потврдиш за да го раздели текстот во една ќелија :
a. Wrap text
b. Shrink to fit
v. Merge cells
8. Што ке напишеш во празна ќелија за да почнеш со пишување на формула :
a. *
b. =
v. f
9. Кој знак за математичкиа операција ќе го користиш за да поделиш 32 so 4?
a. :
b. *
v. /
10. Со која од наведениве формули може да се пресмета аритметучка средина на вредностите во ќелиите A1 i A2?
a. =A1+A2/2
b. =(A1+A2)/2
v. = A1*A2/2
11. Функцијата за пресметување просечна вредност е :
a. AVRERAGE
b. MIN
v. SUM
Прашања и задачи :
1. Објасни ги посатпките за пренесување и копирање на одредена содржина од една ќелија во друга !
2. На кој начин се означуваат колоните и редиците во работниот лист?
3. Како се означуваат последователни, а како непоследователни колони / редици ?
4. Внеси текст во ќелија А1 . Пренеси го текстот во ќелија E5. Ископирај го во E8 истиот текст .
6. Означи ги сите колоните од A do J и редовите 2, 5, 8 i 9.

Friday, March 20, 2020

Креирање документ, уредување на работна околина, панели, слоеви

Програма  за  изработка  на  анимации  Vectorian  Giotto

  1.  Работен прозорец на програмата за анимации и вклучување на често користени ленти со алатки и прозорци за работа од менито Window -> Toolbars, Filters, Shape и сл. 
  2.   Вклучување  на  анимација од  готов  шаблон  : File -> New From Template, избор на шаблон од прозорецот New From Template и на копчето Create. Потоа се прави измена на текстот, логото, сликата и сл. и на копчето Ок. 
  3. Вклучување на нова празна анимација   од менито File->New Movie
  4. Поставување димензии на сцената:      Modify → document: - се избираат димензиите, ширина и висина пр. 450х 220 - background color – се избира боја за позадината - frame rate – број на движења во една секунда за да се креира илузија на изедначено движење (обично се поставува 24 fps – frames per second) - ruler units – единечна мерка за линеарот.
 Објаснување на  алатките за работа  :
  •  (Selection  Tool) – алатка за селекција на објект (фигура, слика, текст и сл) 
  •  (Subselection Tool) – алатка за селекција на нацртан објект  во анимацијата со цел да се направи трансформација во друга форма
  •  (Line Tool) – алатка за цртање на прави линии (отсечки), при што во прозорецот Shape->Pen  (во десниот агол на работниот прозорец) се избира дебелина и боја за линиите.
  •  (Insert Bitmap Tool) – алатка за вметнување на слика во анимацијата, а можи и преку менито Insert-> Bitmap
  •  (Text Tool) – алатка за пишување на текст во анимација, при што за избор на боја за текстот се користи прозорецот Shape-> Brush, а за форматирање на текстот (фонт, големина, стил, подредување) треба да се избери картичката Properties (во долниот лев агол од работниот прозорец) како на сликата: 
  •  (Oval  Tool) – алатка за цртање на елипса и  круг- заедно со тастерот  Shift (Rectangle Tool) – алатка за цртање на четириаголник и квадрат – заедно со тастерот Shift
  •  (Rounded Rectangle Tool) – алатка за цртање на 
  •  четириаголник и квадрат со заоблени агли
  •  (Polygon Tool) –алатка за цртање на n-аголник, при што во картичката Properties->Sides треба да се избери број на страни на n-аголникот
  •  (Star  Tool) – алатка за цртање на ѕвезда,  при што во картичката Properties-> Points треба да се избери број на краци  на ѕвездата
  •   (Pencil Tool) – алатка за цртање со слободна рака (Brush  Tool) – алатка за работа со четка, при што во картичката Brush (што се отвора десно од алатката) се избира големина и форма на четката. 
  • Забелешка: За секоја фигура и линија што се црта,  во прозорецот Shape-> Brush и Shape->Pen (десно во работниот прозорец), се избира боја за исполнување на фигурата и четката како и боја и дебелината  за линијата со која се црта.
  •  (Free Transform Tool) -  алатка за трансформација на објект во анимацијата (фигура, линија, слика и сл)  и тоа промена на димензиите, ротација, искосување (Paint Bucket Tool) – алатка за исполнување со боја на затворени површини (Eraser Tool) – алатка за бришење на нацртани објекти, или за целосно бришење на објект од анимација се користат тастерите Ctrl+Delete
6. Поставување на слоеви: секој објект може да се постави во посебен слој (Layer) така што од менито Modify->Layer во новиот прозорец се избира Insert New. Во истиот прозорец ги има и опциите за подредување на слоевите: Send To Back, Move To front.
7. Време на појавување на објект во анимација: за секој поставен објект во анимацијата треба да се определи време на негово појавување во анимацијата со користење на Timeline рамката, така што со клик се  избира времето во Timeline рамката , а потоа на десен клик се избира опцијата Insert Keyframe и се додава објектот во анимацијата.
Доколку сакаме меѓу објектите што се поставени  во  различни  временски  интервали да постои некакво движење, тогаш на десен клик во рамката Timeline се избира опцијата Create Motion Tween .
8. Додавање на ефекти: за било кој објект во анимацијата може да се додаде ефект на појавување со одредено времетраење, така што на селектираниот објект со десен клик се избира оцијата Effect->AddДодавање на ефекти може да се направи и преку менито: Modify->Effect->Add, потоа во новоотворениот прозорец се избира ефектот и се поставуваат  негови параметри  како што се: времетраење (Duration), менување на бои, насоки (Direction) и сл. и потоа на копчето OK за да се примени ефектот на селектираниот објект. 
9. Подредување на објекти што се преклопуваат се прави преку  мени Modify->Arrange.
10. Преглед на анимација  се прави со  копчињата     или со користење на менито Control (Play, Stop, Rewind, Go To End, Step forward  one  frame, Step backward  one  frame). 11. Вметнување на аудио  фајл  се  прави така што од  менито Insert  се избира  Sound.
12. Снимање на анимација:      - како проект кој не е доработен и ќе трпи измени, се користи мени File->Save / Save As      - како готова анимација, која би се гледела како flash анимација, се користи мени         File->Export Flash Movie
13  .   Morphing   (  претворање на една слика во друга со лесни транзиции):  - можно е само меѓу објекти од ист слој. За успешно да се направи потребни се барем две keyframes. Првата кeyframe  е почетната точка, а другата е крајната. 
Корисни линкови на Интернет за креирање на едноставни анимации: 
-http://www.youtube.com/watch?v=n_Fg6ofD3ps - http://www.youtube.com/watch?v=A3QlFbFW2uE -http://www.youtube.com/watch?v=NjElQSDUe8c



Линк за инсталирање на програма за анимација


https://www.techadvisor.co.uk/download/internet-tools/vectorian-giotto-300-3249418/

Информатика втора година -Изработка на анимации вежби

Пример за изработка на анимација и поставување на клучни кадри во анимација. Вежбата да се изработи и истата да се постави на следниот линк http://linoit.com/users/zaklinamileska/canvases/%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8%20%D0%B2%D0%B5%D0%B6%D0%B1%D0%B8

информатика за прва година- Изработка на табели со форматирање на податоци (програма Excel)

Датотека креирана во MS Excel или Calc се нарекува работна книга и се состои од повеќе работни листови. Секој работен лист е поделен на редови и колони, во пресек на секој ред и секоја колона се наоѓа ќелија. Адресата на ќелија е составена од ознака на колоната (буква) и ознака на редот (број) во кои таа се наоѓа.   Со кликнување на ќелијата таа станува активна и може да се едитира (внесува, менува или уредува) нејзината содржина. Содржина на ќелија може да биде податок или формула, односно функција.  Податоците можат да бидат текст, број, датум, време и друго. При внесувањето на податоци, текстот автоматски се израмнува од десната страна, а броевите од левата страна. Со нумерички податоци (броеви) можат да се извршуваат аритметичкити операции. Кога се внесува нумерички податок во ќелија е дозволено внесување само на цифри, децималната точка и предзнакот минус (-). Изгледот на ќелијата и на  нејзината  содржина најлесно се уредува во прозорецот Format cells.Во апликациите за табеларни пресметувања формулите имаат голема важност. Формулите можат да бидат кориснички дефинирани или вградени во форма на функција. Секоја  функција  има  име  и  аргументи  кои  се  пишуваат  во  загради  по  името.  Во MS  Excel  некои  од  најчесто  користените  функции  (SUM,  AVERAGE,  MIN,  MAX  и  COUNT). Можат да се внесат преку листата која се добива со кликнување на стрелка до копчето AutoSum  по што се отвора прозорец од кој се избираат аргументите на функцијата. Во Calc преку копчето Сума      се внесува функцијата SUMA. При внесување на податоци може да се користи автоматско пополнување на ќелии. Тоа најлесно се прави со повлекување на рачката за автоматско пополнување. На ист начин може да се прошири формула или функција од една ќелија во други ќелии.  Податоците од табелите можат да се претстави графички со различни типови на графикони. Најчесто користените графикони се: линискиот графикон, графиконот со столбчиња и графиконот пита. Во MS Excel графиконот во работниот лист се вметнува со кликнување на некое од копчињата   од групата Chartsна картичката Inser Excel t. Во Calc графиконот се вметнува со кликнување на копчето Графикон  на стандардната лента. 
Работен лист
 Пр.1 Во паралелка се бира председател на класот. Кандидатите за предсетател се Борис, Елена и Јанко. За Борис гласале 7 ученици, за Елена 5 ученици и за Јанко 14 ученици. Направи табела и пресметај: ·
 Колку вкупно ученици гласале? ·
 Кој добил најмалку гласови? ·
 Кој добил најмногу гласови? - 
На табелата постави рабови и бои на ќелии по избор; - Вметни еден ред пред табелата и во него напиши наслов „Избор за претседател“ со задебелени букви; Нацртај графикон пита и уреди го по желба; - Зачувај ја работната книга со име Pretsedatel 
Задача 2 и задача 3  ќе ги погледнете на страна 184 и страна 185 во учебникот по информатика за прва година.