Pages

Thursday, April 11, 2024

Прашања и задачи за Excel

 



 Во нов работен лист мораш да почнеш со пишување во ќелијата A1:

a. точно
b. неточно
2. Со притискање на тастерот Enter, ќе се поместиш:
a. една ќелија десно
b. една ќелија лево
v. една ќелија подолу
3. Што од следново ќе се препознае како датум :
a. 02-06-2008
b. 02,06,2008
4. Што значи и кога ќе се појават ознаките ######:
a. си внесол погрешен број
b. нешто си испуштил
v. ќелиите не се доволно широки
5. Нова колона се вметнува десно од колоната во која се наогате:
a. точно
b. неточно
6. Со која наредба ќе ја уредиш содржината на ќелиите :
a. Insert → Cells
b. View → Cells
v. Format → Cells
7. Која од опцииве во прозорецот Format Cells треба да ја потврдиш за да го раздели текстот во една ќелија :
a. Wrap text
b. Shrink to fit
v. Merge cells
8. Што ке напишеш во празна ќелија за да почнеш со пишување на формула :
a. *
b. =
v. f
9. Кој знак за математичкиа операција ќе го користиш за да поделиш 32 so 4?
a. :
b. *
v. /
10. Со која од наведениве формули може да се пресмета аритметучка средина на вредностите во ќелиите A1 i A2?
a. =A1+A2/2
b. =(A1+A2)/2
v. = A1*A2/2
11. Функцијата за пресметување просечна вредност е :
a. AVRERAGE
b. MIN
v. SUM

Креирајте нов Excel документ и зачувајте го под име Tablica_mnozhenje_do_10.xlsx . Во првиот работен лист (анг.Worksheet)од документот Tablica_mnozhenje_do_10.xlsx, изработете јатаблицата за множење на природните броеви од 1 до 10, како на сликата подолу.

Внесете ги броевите од 1 до 10 во редицата 6 (ранг на ќелии C6:L6)  и колоната B ( ранг на ќелииB7:B16),\ користејќи ја рачката за автоматско пополнување (анг. Fill Handle);b. Во ќелијата C7 внесете ја формулата за множење, која што ќе ја запишете со комбинација наапсолутно и релативно адресирање на ќелии (со помош на симболо) $ за апсолутнотоадресирање!), на следниот начин: C$6*$B7. Ова го правиме затоа што адресите на ќелиите соброеви во редицата 6 не го менуваат бројот на редицата (ја фиксираме редицата 6), а адреситена ќелиите со броеви од колоната B не ја менуваат буквата на колоната (ја фиксираме колоната B); Со селектирање и влечење по вертикала и хоризонтала (автоматско пополнување) во ситеќелии од табелата, се добива таблицата за множење како на сликата; Висината на сите редици од табелата поставете ја на вредност 16,5 , а широчината на ситеколони поставете ја на вредноста 4. Текстот во сите ќелии од табелата нека биде порамнет хоризонтално и вертикално во средина на ќелијата. Големината на буквите за насловот е 16 pt, а за останатиот текст е 12 pt. Фонтот е Calibri; Поставете соодветни граници (рабови, анг. Borders) на ќелиите, идентично како на сликата

 ВЕЖБА 2Креирајте нов Excel документ и зачувајте го под име Prodazba.xlsx.Изработете табела за месечна продажба на производи во три градови, така што за секој град ќекреирате табела на посебен работен лист (анг Worksheet)Бидејќи табелата за месечната продажба напроизводите за секој град е иста, табелата ќе ја изработите на еден работен лист но во исто време ќеовозможите таа да се ископира и на другите два работни листа.Според тоа, податоците и пресметкитеќе ги внесете истовремено за сите три града, а подоцна ќе направите измени за секој град поединечно онаму каде што тоа ќе биде потребно.

 Постапката е следната:

 

Додадете два нови работни листа (покрај оној подразбирливиот,Sheet1). Преименувајте гиработните листови во

Скопје,Битола и Ресен, соодветно;

 Групирајте ги работните листови Скопје,Битола и Ресен

Внесете ги податоците за продажба за градот Скопје во сите три работни листа истовремено, како на сликата подолу. Пресметајте ја вкупната сума по месеци (користете формула +рачкатаза автоматско пополнување!), како и процентуалната застапеност во вкупната продажба насекој вид патики, во секој месец(како ќе гласи формулата за оваа пресметка?)

Одгрупирајте ги работните листови. Потоа, внесете ги соодветните измени во секој одработните листови

Битола и Ресен(забележете дека со внесување на измените се менуваат ирезултатите од формулите!), како на сликите подолу




 


 


Филтрирање и сортирање на податоци