Наставни материјали по предметот информатика за прва и втора година, средно стручно образование
Friday, March 20, 2020
Информатика втора година -Изработка на анимации вежби
информатика за прва година- Изработка на табели со форматирање на податоци (програма Excel)
Датотека креирана во MS Excel или Calc се нарекува работна книга и се состои од повеќе работни листови. Секој работен лист е поделен на редови и колони, во пресек на секој ред и секоја колона се наоѓа ќелија. Адресата на ќелија е составена од ознака на колоната (буква) и ознака на редот (број) во кои таа се наоѓа. Со кликнување на ќелијата таа станува активна и може да се едитира (внесува, менува или уредува) нејзината содржина. Содржина на ќелија може да биде податок или формула, односно функција. Податоците можат да бидат текст, број, датум, време и друго. При внесувањето на податоци, текстот автоматски се израмнува од десната страна, а броевите од левата страна. Со нумерички податоци (броеви) можат да се извршуваат аритметичкити операции. Кога се внесува нумерички податок во ќелија е дозволено внесување само на цифри, децималната точка и предзнакот минус (-). Изгледот на ќелијата и на нејзината содржина најлесно се уредува во прозорецот Format cells.Во апликациите за табеларни пресметувања формулите имаат голема важност. Формулите можат да бидат кориснички дефинирани или вградени во форма на функција. Секоја функција има име и аргументи кои се пишуваат во загради по името. Во MS Excel некои од најчесто користените функции (SUM, AVERAGE, MIN, MAX и COUNT). Можат да се внесат преку листата која се добива со кликнување на стрелка до копчето AutoSum по што се отвора прозорец од кој се избираат аргументите на функцијата. Во Calc преку копчето Сума се внесува функцијата SUMA. При внесување на податоци може да се користи автоматско пополнување на ќелии. Тоа најлесно се прави со повлекување на рачката за автоматско пополнување. На ист начин може да се прошири формула или функција од една ќелија во други ќелии. Податоците од табелите можат да се претстави графички со различни типови на графикони. Најчесто користените графикони се: линискиот графикон, графиконот со столбчиња и графиконот пита. Во MS Excel графиконот во работниот лист се вметнува со кликнување на некое од копчињата од групата Chartsна картичката Inser Excel t. Во Calc графиконот се вметнува со кликнување на копчето Графикон на стандардната лента.
Работен лист
Пр.1 Во паралелка се бира председател на класот. Кандидатите за предсетател се Борис, Елена и
Јанко. За Борис гласале 7 ученици, за Елена 5 ученици и за Јанко 14 ученици. Направи табела и
пресметај:
·
Колку вкупно ученици гласале?
·
Кој добил најмалку гласови?
·
Кој добил најмногу гласови?
-
На табелата постави рабови и бои на ќелии по избор;
- Вметни еден ред пред табелата и во него напиши наслов „Избор за претседател“ со
задебелени букви;
Нацртај графикон пита и уреди го по желба;
- Зачувај ја работната книга со име Pretsedatel
Задача 2 и задача 3 ќе ги погледнете на страна 184 и страна 185 во учебникот по информатика за прва година.
Tuesday, October 25, 2016
Структура избор
Споредбени изрази. Логички операции и
изрази
Секој споредбен израз е операција од 2 операнди .Резултатот е
податок од типот bool и може да биде 1 ( true) или
0 ( false)
Оператор
|
Математички симбол
|
Функција
|
>
|
>
|
поголемо
|
>=
|
≥
|
поголемо или еднакво
|
==
|
=
|
еднакво
|
<
|
<
|
помало
|
<=
|
≤
|
помало или еднакво
|
! =
|
≠
|
различно
|
Израз
|
Вредност
|
5<13
|
1 (DA)
|
8<=8
|
1 (DA)
|
5==8
|
0 (NE)
|
5!=2+3
|
0 (NE)
|
Операторите кои се состојат од 2 симбола немаат празно место помеѓу
нив
Логички оператор
|
Математички симбол
|
Оператор
|
Операција
|
|
макед
|
англ
|
|||
&&
|
И
|
AND
|
коњункција
|
|
||
|
ИЛИ
|
OR
|
дисјункција
|
|
!
|
┐
|
НЕ
|
NOT
|
негација
|
Структура избор од две можности
Со оваа структура се врши избор помеѓу две можности во
зависност од вредноста на изразот. Изразот може да само две вредности точно и
неточно . Тие се нарекуваат логички вредности и затоа изразот се нарекува логички
израз
Задачи
1.Да се пресмета периметар и плоштина на квадрат со страна а. Ако а<=о тогаш
да се добие порака Страната на квадратот не може да е негативна.
2. За даден агол alfa да се определи дали е остар или не е остар.
3. Да се утврди дали природниот број n е парен или непарен.
4. Да се прочитаат три броја и да се утврди дали можат да бидат страни на триаголник.
5. Да се реши линеарната равенка ax + b = 0
2. За даден агол alfa да се определи дали е остар или не е остар.
3. Да се утврди дали природниот број n е парен или непарен.
4. Да се прочитаат три броја и да се утврди дали можат да бидат страни на триаголник.
5. Да се реши линеарната равенка ax + b = 0
Да се прочитаат три броја и да се утврди дали може да бидат страни
на триаголник
# include < iostream>
using namespace std;
int main ()
{
float a, b, c;
cout << “vnesi gi stranite na triagolnikot “<<
endl;
cin>>a>>b>>c;
if ((a+b>c) && (a+c>b) && (b+c>a))
cout << “Takov triagolnik postoi “<< endl;
else
cout << “Takov triagolnik ne postoi “<< << endl;
system(“pause”);
return 0;
}
Да се подредат три броја по големина
#include < iostream>
using namespace std;
int main()
{
int a,b,c,pom;
cout<<"Vnesi
prvi broj:";
cin>>a;
cout<<"Vnesi vtor broj:";
cin>>b;
cout<<"Vnesi
tret broj:";
cin>>c;
if (a>b)
{ pom=a; a=b;
b=pom; }
if (a>c)
{ pom=a; a=c;
c=pom; }
if (b>c)
{ pom=b; b=c;
c=pom; }
cout<<"Podredeni
: "<<a<<", " <<b<<" , "<<c<<endl;
return 0;
Subscribe to:
Posts (Atom)