Датотека креирана во MS Excel или Calc се нарекува работна книга и се состои од повеќе работни листови. Секој работен лист е поделен на редови и колони, во пресек на секој ред и секоја колона се наоѓа ќелија. Адресата на ќелија е составена од ознака на колоната (буква) и ознака на редот (број) во кои таа се наоѓа. Со кликнување на ќелијата таа станува активна и може да се едитира (внесува, менува или уредува) нејзината содржина. Содржина на ќелија може да биде податок или формула, односно функција. Податоците можат да бидат текст, број, датум, време и друго. При внесувањето на податоци, текстот автоматски се израмнува од десната страна, а броевите од левата страна. Со нумерички податоци (броеви) можат да се извршуваат аритметичкити операции. Кога се внесува нумерички податок во ќелија е дозволено внесување само на цифри, децималната точка и предзнакот минус (-). Изгледот на ќелијата и на нејзината содржина најлесно се уредува во прозорецот Format cells.Во апликациите за табеларни пресметувања формулите имаат голема важност. Формулите можат да бидат кориснички дефинирани или вградени во форма на функција. Секоја функција има име и аргументи кои се пишуваат во загради по името. Во MS Excel некои од најчесто користените функции (SUM, AVERAGE, MIN, MAX и COUNT). Можат да се внесат преку листата која се добива со кликнување на стрелка до копчето AutoSum по што се отвора прозорец од кој се избираат аргументите на функцијата. Во Calc преку копчето Сума се внесува функцијата SUMA. При внесување на податоци може да се користи автоматско пополнување на ќелии. Тоа најлесно се прави со повлекување на рачката за автоматско пополнување. На ист начин може да се прошири формула или функција од една ќелија во други ќелии. Податоците од табелите можат да се претстави графички со различни типови на графикони. Најчесто користените графикони се: линискиот графикон, графиконот со столбчиња и графиконот пита. Во MS Excel графиконот во работниот лист се вметнува со кликнување на некое од копчињата од групата Chartsна картичката Inser Excel t. Во Calc графиконот се вметнува со кликнување на копчето Графикон на стандардната лента.
Работен лист
Пр.1 Во паралелка се бира председател на класот. Кандидатите за предсетател се Борис, Елена и
Јанко. За Борис гласале 7 ученици, за Елена 5 ученици и за Јанко 14 ученици. Направи табела и
пресметај:
·
Колку вкупно ученици гласале?
·
Кој добил најмалку гласови?
·
Кој добил најмногу гласови?
-
На табелата постави рабови и бои на ќелии по избор;
- Вметни еден ред пред табелата и во него напиши наслов „Избор за претседател“ со
задебелени букви;
Нацртај графикон пита и уреди го по желба;
- Зачувај ја работната книга со име Pretsedatel
Задача 2 и задача 3 ќе ги погледнете на страна 184 и страна 185 во учебникот по информатика за прва година.
No comments:
Post a Comment