Pages

Friday, October 21, 2016

Алгоритми

Алгоритми
Алгоритам е постапка за решавање на одредена задача составена од строго дефинирани дејства (операции) и точно зададен редослед на нивно извршување, кои применети врз влезните податоци доведуваат до излезни резултати.

Што ја дефинира секоја постапка ?
- зададени влезни (почетни) податоци
- дефинирана низа операции
- пресметани излезни резултати

Секое поединечно дејство од множеството правила (инструкции) дефинирани во алгоритмот се нарекува алгоритамски чекор.
Врз основа на ова можеме да кажеме дека алгоритмот се состои од низа алгоритамски чекори кои се извршуваат по однапред зададен редослед.

Во зависност од алгоритамските чекори алгоритмот може да биде
- општ
- детален
Пример1
Да се состави алгоритам за пресметување на плоштина на правоаголник со страни a и b.

Чекор 1. задавање на вредностите на променливите а и b
Чекор 2. пресметување на вредноста на P по формулата P=a∙b
Чекор 3. прикажување на вредноста на променливата P
Чекор 4. крај на алгоритмот

Претставување на алгоритмите 
Алгоритмот може да се прикаже на два начини:
 - текстуално ( со псевдо јазик)
 -  графички    ( со блок - дијаграм )

 Пример2 Да се напише алгоритам за наоѓање на најголем број од три внесени броја.

 Псевдо јазикот се состои од зборовите : алгоритам, подалгоритам, почеток, крај, ако, тогаш, инаку, додека, извршувај, повторувај, зголемувај, за до чекор, намалувај, читај, печати, излез.

Графичко преставување на алгоритмот со помош на блок-дијаграм. Во блок-дијаграмот се користат посебни графички симболи  за одредени дејства (операции).

Својства на алгоритмите
При решавањето на даден проблем, треба да се води сметка за тоа на кој начин е напишан алгоритмот т.е.по кој редослед се извршуваат операциите во него. 
При негово пишување треба особено да се внимава на:
алгоритмот да има само еден почеток
алгоритмот да има само еден крај
во него да нема бесконечни циклуси
да нема делови (чекори) кои никогаш не се извршуваат


Задачи :
3. Споредете ги и утврдете што работат следниве алгоритми

општ алгоритам
чекор 1 : задавање на три броја
чекор 2: споредување на кои било 2 броја и наоѓање на поголемиот од нив
чекор 3: споредување на поголемиот број од чекор 2 со третиот број и наоѓање на поголемиот од нив
чекор 4: печатење на резултатот 
детален алгоритам
чекор 1 : задавање на  броевите a, b, c
чекор 2: ако а > b тогаш p = a, ako а < b  тогаш p=b
чекор 3: ako p >c  тогаш n=p  а ако p < c  тогаш n=c              
чекор 4: печатење на n

( за а, b, c  земи конкретни вредности )


Sunday, October 16, 2016

Стил 

Прашања:
1. Што е стил  ?
2. Како се креира сопствен стил?
3. Што се шаблони ?Опиши ја постапката за креирање шаблони.
4. Зошто служат формуларите?
5. Како поставуваме променливи делови ( блокови) во формулар? Опиши ја постапката
6.Весна треба да изработи тест во некоја од програмите за обработка на текст. Тестот треба да содржи 4 прашања  со понудени одговори, но така што постои можност одговорот да се бележи и да може да се корегира истиот. Што и предлагаш на Весна, како да ја реализира задачата. 

На таблата подолу бележи ги своите одговориhttp://linoit.com/users/redosledna/canvases/word

РАБОТА СО СОДРЖИНА И ИНДЕКСИ ВО WORD

Стиловите се користат за креирање на содржина на документ во word. Содржина е збир од главните теми и подтеми во некој документ. Пример, при изработка на матурска тема или некоја проектна задача, на почетокот или на крајот на документот треба да се напиши содржината. Тоа се прави на следниов начин:
            Прво треба добро да се испланира концепцијата на документот. Значи, документот треба да се подели на главни теми, подтеми, ставки и сл. (наслов1, наслов2, наслов3...). Треба и да се знае дали содржината ќе биде на почетокот или на крајот на документот. Секој наслов се  внесува во нов ред. За  премин на нов ред, се притиска копчето ентер. Пред да се почне со внесување на текстот, потребно е страниците да се нумерираат. Но на првата страница не треба да стои бројот на страницата. Нумерирање на страниците се врши со:
            Insert – page numbers
           









Опцијата Show number on first page е исклучена, бидејќи на првата страница од темата не треба да е прикажан бројот на страницата. Со клик на копчето format може да се форматира ознаката за број на страница.
            Следен чекор е да се напише насловот на првата тема пр. Вовед и се притиска копчето enter за да се премине на нов ред. Потоа се пишува поднасловот и пак ентер. Следува подподнасловот и т.н. додека се напишат насловите и поднасловите поврзани со првата тема. Истото се повторува за сите теми. Мора да се памти кои се наслови, поднаслови и сл. т.е. ставки на пониски нивоа.
            Кога ќе се внесат сите наслови и поднаслови, треба да се одреди стилот за секој од нив. Се означуваат основните теми и од опаѓачката листа со стилови на лентата formatting се избира Heading 1.
            Се означуваат поднасловите и од опаѓачката листа со стилови на лентата formatting се избира Heading 2.
            Се означуваат подподнасловите и од опаѓачката листа со стилови на лентата formatting се избира Heading 3. и.т.н. колку што имаме нивоа.
            Сега треба да се одредат другите параметри за изгледот на содржината. Се означува првиот наслов и се избира:  format – styles and formatting.
            Десно се отвора листата styles and formatting.
            Веднаш може да се види дека сме позиционирани на стилот Heading 1. Стилот се наоѓа во два оквири: долу и горе. Бидејќи во тексто има повеќе наслови, под горниот оквир се кликнува на Select all. Со ова се означуваат сите наслови во документот. Кога ќе се донеси покажувачот на долниот оквир, на името на стилот се појавува опаѓачка стрелка. Се кликнува на стрелката и се избира командата modify. Се отвора дијалог прозорец modify style.
            Во прозорецот што се отвора се форматитаа насловите на темите по желба. Овие форматирања ќе важат за сите наслови во документот. Важна команда овде е копчето format каде посебно не интересираат командите font, paragraph i numbering.  
            Командата font е јасна. Во paragraph може да се поставуваат параметри за позиционирање на насловите во однос на текстот.
            Овде е важна командата numbering.

Во прозорецот Outline numbered се избира хиерархиски начин на нумерирање на стиловите на насловите и поднасловите. Потоа Ок. Истото се повторува и за поднасловите и подподнасловите во содржината на документот.


.