1. Адресирање на ќелии Адресите на ќелии кои се користат во формули и функции на програмата ѝ кажуваат од каде да зема вредности за пресметување. Адресите можат да се внесат така што ќе се запишат во формула, но и така што ќе се означат ќелии или опсези на ќелии со помош на левото копче од глувчето во режимот за едитирање. Адресирање на ќелија Адреса на поединечна ќелија се состои од ознака за колоната (буква) и ознака за редот (број) во чиј пресек ќелијата се наоѓа. Адресирање на опсег Адресирање на опсег се однесува на непрекинат правоаголен опсег на повеќе ќелии кој се протега преку повеќе колони и редови. При ваквото адресирање со знакот две точки (:) се спојуваат адреси на горната лева и на долната десна ќелија. На пр. Адресата B2:C3 означува опсег од четири ќелии: B2, B3, C2 иC3.
Адресирање на ќелии од друг работен лист Во формулите и функциите можат да се користат и адреси на ќелии и опсези кои се наоѓаат во друг работен лист. Во тој случај, во адресата треба да се стави името на тој работен лист како префикс, по кој се пишува знакот извичник (!) по кој доаѓа ознака за ќелија или ознака за опсег на ќелии.
Пр. Uspeh!B5:B10 е адреса на ќелиите B5:B10 во работниот лист Uspeh. Доколку работниот лист има име со повеќе зборови, на пр. Прва година, тогаш името се става помеѓу два апострофа (‘). Пр. ‘Прва година’!A2:B3 е адреса за опсегот A2:B3 во работниот лист Прва година.
Пишувањето на ваквите адреси е непрактично. Подобро е ќелиите и опсезите од други работни листови да се означиат со глувче. Програмата автоматски ќе ги внесе во формула или функција.
2. Релативно и апсолутно адресирање на ќелии Во формулите и функциите се користат два вида на адресирање на ќелии од кои се земаат податоци: • релативно адресирање – адресирање во однос на активна ќелија • апсолутно адресирање – адресирање независно од активна ќелија
Релативно адресирање Програмите за табеларни пресметки стандардно користат релативно адресирање – адреса на ќелија се формира од ознака на колона и од ознака на ред, на пр. Е3. Кога се копире формула која содржи релативни адреси програмата нема да креира нејзина изворна копија. Адресите на ќелиите ќе се сменат и формулата ќе се прилагоди кон новата колона и/или ред. Ако формулата =A1+B1 внесена во ќелијата C1 се ископира во ќелијата Е5 таа ќе гласи =C5+D5. На овој начин секогаш се собираат вредностите во двете ќелии лево од ќелијата во која се наоѓа формулата. Благодарејќи на ваквиот начин на адресирање можат да се копираат формули со постапка за автоматско пренесување на формули. Програмата ќе ја подеси формулата според ќелијата во која таа е копирана.
Во видеото детално ви објаснав за апсолутно и релативно адресирање